Важен ручек (Power lunch)
Амбициозен маж и жена се „борат“ за
моќ и за контрола врз нивната врска иако само што се запознаваат. Драмата
зазема сатиричен поглед на половите и родовите како и на односите во општество
во кое повеќе се цени имиџот отколку личниот интегритет.
ЖЕНАТА: А, каков, ако може да
прашам, е Вашиот тип?
МАЖОТ: Паѓам на заводливи жени со
големи цицки и мачкасти очи кои го носат нивниот сексапил како евтин парфем. А
Вие?
ЖЕНАТА: Јас сакам паметни,
интересни, самоуверени, чувствителни, топли, нежни, силни, независни,
посветени, љубезни, стабилни мажи кои се спремни да ризикуваат.
МАЖОТ: Е, многу реалистично.
ЖЕНАТА: Барем сум селективна.
Газот на мајка ти (Your mothers butt)
Провокативно насловената „Газот на
мајка ти“ ги прикажува еден психијатар наспроти нејзиниот неверојатен пациент
кој е опседнат со материјалното и површното. Но еден сон за неговата мајка би
можело да биде клуч кон лекот ...
ПСИХОЛОГОТ: Значи, ништо во твојот
живот не ти е важно?
ПАЦИЕНТОТ: Не. (Пауза. Плаче) Имам
... Имам еден џемпер.
ПСИХОЛОГОТ: Џемпер?
КЛИЕНТОТ: Многу убав. Стар џемпер е,
мислам беше на брат ми. Обичен волнен џемпер, во ве-израз. Сега веќе е изветвен
и мек, но удобен ми е. Ми ги истакнува рамената, но на суптилен начин, а кога
го носам се чувствувам многу секси.
Двајца амбициозни директори
одлучуваат дека се совршени еден кон друг и продолжуваат да се договараат за
заедничката иднина. Каде се тука емоциите?
МАЖОТ:Едно прашање:Дали си
заинтересирана да произведеме поколение?
ЖЕНАТА: Биолошкиот часовник ми
отчукува како луд.
МАЖОТ: Си размислувала ли воопшто за
тоа какви квалитети бараш во потенцијалниот прокреативен партнер за правење
деца?
ЖЕНАТА: Комбинацијата од
хетеросексуалец со добра и стабилна
работа, кој не е сериски убиец би ми одговарала. Секако, ова се првични
согледби. Би морала да направам подетални анализи пред да се нафатам на таков
значаен,предизвикувачки проект.
Направено за жена (Made for a woman)
Совршен маж и нејзиното совршено
момче во „Направено за жена“ се одлични примери за современиот човек кој е
опседнат со сопствениот имиџ и сликата што ја оддава. Всушност такво е и
општеството во кое живееме ... Оваа едночинка почнува наивно, но завршува
фатално.
ТРЕНТ: Па тогаш биди силна. Стани
господар на ситуацијата. Соочи се со предизвикот. Биди личност која дејствува,
не некој врз кого дејствуваат. Во ред?
КАРЛИ: Во ред.
ТРЕНТ: Подобра си?
КАРЛИ: Подобра сум.
ТРЕНТ: Добро. Зашто, не заборавај,
сакам да имаме секс кога ќе завршам со вежбањето.